|
Администратор
Зачленет: Mar 2008
Локација: 127.0.0.1
Хороскоп:
Близнаци
Рангирање:
Мислења: 614
Заблагодарил/а: 11
Заблагодарен/а:31
|
правилник и услови за сите членови
DeBagiraj .:Правилник и услови за сите членови:.
Како посетител(нерегистриран) ке бидете ограничен со тоа што ке имате претходно дефиниран број на гледање на теми. Регистрацијата е бесплатна и ке ви одземе само неколку минути. Доколку сакате да го смените корисничкото име пратете приватна порака на некој од администраторите, не отварајте нова тема за да дискутирате во врска со тоа. Како регистриран член ке имате поголеми привилегии отварање нови теми, одговарање на други теми и др. Но како член ке треба да се придржувате до одредени услови:
1. Запознајте го форумот и претставете ни се
Отворете тема во Добредојдовте претставете ни се кажете нешто за себе, од кај дознавте за форумот. Прочитајте што поголем број на теми со цел да се запознаете подобро со политиката на форумот како функционира.
2. Не поновувајте исти теми
Пред да отворите нова тема прво проверете дали преходно е дискутирано на таа тема, користете ја и 'барај' опцијата но некој клучен збор да видите дали има некоја слична тема. Многу е чест случај корисник одма откако се регистрира да отвори нова тема и да постави прашање кое е претходно дискутирано, таквите теми ке бидат избришани а членот ке биде предупреден.
3. Помогнете за да ви помогнат
Доколку барате помош од другите членови дадете што повеке податоци со цел на членовите кои сакаат да ви помогнат да им олесните во потрагата на одговорот, бидете прецизни и точни во поставувањето на прашањето. Пожелно е даго копирате целиот извештај(текст) во врска со проблемот доколку ви е полесно може и да користите и PrintScreen опција и да ни пратите слика.Доколку при прегледување на форумот наидете на тема, проблем со кој е соочен друг член, доколку знаете или сте се соочиле со сличен проблем помогнете му.
4. Пишувајте квалитетно и сериозно
Не пишувајте неповрзани теми и одговори на теми со секцијата/категоријата во која се наогаат т.е. off-topic. Доколку одговоарате на друга тема размислите убаво што ке напишете и дали сте во право да не му дадете на членот погрешни информации или пак да го наведете на погрешна насока така со цел Вие да му помогнете ќе му одмогнете.
Пожелно е пишување на кирилица сепак ова е македонски форум, се е навика и се надеваm дека брзо ќе ја стекнете.
Да ја уклучите македонската подршка користете ги кратенките Alt + Shift (овие се стандардни), или доколку немате инсталирано отидете во Contol Panel -> Regional and Language Options, во Regional Options изберете го FYRO Macedonian во табот Languages -> Details -> Add и FYRO Macedonian, Потоа OK. Има некои зборови кои не се преведуваат на македонски на нив е подобро да ги напишете на латиница.
5.Изглед на пораката(одговорот или тема)
Немојте да претерувате со користење на смајли, претерано форматирање на текст со разни бои, големини со користење на BBCode знакови(,[CODE ] [ /CODE] ,[PHP ] [ /PHP] ,[HTML ] [ /HTML] ) и останати работи кои се достапни на форумот. Нов користете ги само кога треба да издвоите(нагласите) некој дел од реченица.
6. Не Барајте да некој работи наместо вас
Не барајте да некој член ја изработи вашата домашна задача, семинарска, проект или друго поврзано со Вашите обврски со како ученик или студент, вработен. Можете да отворите тема и да прашате од членовите да ви помогне доколку сте заглавиле некаде но не и да ја го направи тоа наместо Вас. Сето тоа зависи од Вашата активност на форумот доколку сте помагале на многу членови можеби некој ке се согласи да Би помогне и повеке но сепак тоа зависи од членовите и Вашата досегашна активност.
7. Не цитирајте непотребно
Многу е чест случај да членови беспотребно цитираат други членови со тоа се зголемува текстот и се намалува прегледноста на темата. Доколку е потребно да цитирате или да одговорите на друг член, избришете ги непотребните зборови од него т.е. кои се непотребни за вашиот одговор.
8. Поставите дел од кодот доколку очекувате помош
Доколку оставате дел од код на кој имате проблеми ставите го во , или тагови поради поголема прегледност. Доколку се работи за повеке фајлови спакувајте ги и доколку се помалку од 100KB прикачете ги со темата/одговорот доколку зафакаат повеке прикачете ги на сервер како: Rapidshare, MegaUpload, Filefront идр. сервери и во пораката само наведете го линкот.
9. Изберете ја правилната категорија за вашата тема
Не поставувајте прашања во погрешна категорија, пред да ја отворите темата доколку не сте сигурен дека е вистинскиата категорија. Оваа е најчест случај со новите членови.
Debagiraj: доколку сте нов тука претставете се во соодветната категорија, доколку имате предлог, критика некое прашање да поставите на администраторите отворите тема во Debagiraj подкатегоријата.
Администрација: одржување на декстоп како и на сервер компјутери нивна сигурност, Мрежна администрација, драјвери и др.
Windows: е одделен како посeбна категорија од администрација(бидејќи поголем број на корисници го користат).
Програмирање: се во врска си програмските јазици кои ке ги најдете во подкатегоријата,
разен софтвер компајлери, лекции, примери и др.
Пребарувачи: Web и десктоп пребарувачи, софтвер, искуства за оптимизација и подобрување на ранг на google и останати пребарувачи.
Мобилни и преносни уреди: Новитети, хардвер софтвер како и нивни додатоци.
Интернет: Web Прелистувачи, софтвер заштита, дискусии за web хостинг и домаини.
Web дизајн и Развој: новитети, web стандарди, web апликации и програмски јазици, разни CMS, форуми и развој на бази.
Дизајн: Категорија за графичка уметност, лекции софтвер, додатоци, техники.
Хардвер: Новитети, видови на хардвер поделени во неколку категории, Зголемување на нивните перформанси, како и визуелни модификации подобрувања(MOD's)
IT: бизнис политика кај нас и во целиот свет, новисти.
Огласи: Доколку нудите или барате работа .
Off-Topic: Работи неповрзани за ИТ свет.
Доколку имате предлог за некоја категорија за која мислите дека членовите ке бидат заинтересирани отворите тема во За да можеш да ги видиш линковите мора да имаш 10 или повеќе одговори. Моментално имаш 0.
10. Бидете Стрплив
Немојте да бидете нестрплив и да правите 'bump' на темата, во зависност од комплексот и од тоа дали некој член се веке соочил со сличен проблем понекогаш може и да треба да почекате неколку дена. Може да правите 'bump' на темата еднаш дневно, доколку по 7 дена никој не одговори на темата(што не верувам дека ке се случи) темата ке биде затворена.
11. Без политички и верски теми Забрането е отварање теми поврзани со политиката кај нас и во странство(освен ИТ политика) и верски теми. Сите теми отворени ке бидат избришани а членот ке биде предупреден во зависност од неговата дотогашна активност може да биде и баниран!
Оваа е форум исклучиво за ИТ општество, а за политички и верски емоции искажете ги на други форуми наменети за тоа.
12. Не за Пиратерија
На форумот строго е забрането објавување на секаков на нелегални лиценци 'crack'-oви, ставање на линкови за нелегално преземање на софтвер и друг вид на активност кој го загрозува авторското право, ваквите теми ке бидат избришани а членот предупреден или баниран. Дебагирај форумот не одговара за активностите на членовите и тоа каков софтвер тие користат.
15. Забрането е Рекламирање
Забрането е било какво рекламирање на вашиот сајт, форум, портал, компанија доколку сакате да го рекламирање кај нас прво пратете порака на администратор со линкот до содржината која сакате да ја рекламирате доколку заклучат деке може да се рекламира ке отворат тема во соодветната категорија.
Се надевам дека со читањето на правилата дознавте како функционира форумот, и каков треба да биде вашиот кодекс на однесување.
Ви благодарам што ги прочитавте правилата, и очекуваме ваша активност на форумот.
16. Квалитетни постови
Доколку сте објавиле квалитетна тема, управата на Дебагирај го задржува правото на негово досредување и објавување на порталот. Со вашиот ник на форумот и линк до темата на форумот. Доколку сте вие автор на истата, во спротивно сте должни да го наведете авторот на истата за да не се наруши правилото под р.бр. 12
DeBagiraj.com
Автор: Томислав Јовановски
__________________
RTFR Right Now
Brom says (11:13): A ti si...
dinco says (11:14): DA
Последен пат изменето од DB : 20-10-2008 во 17:37.
|