|
GTX 480 и GTX 470 новите графички карти на NVIDIA
|
|
Напишано од Оливер Јосимовски
Вторник, 02 Февруари 2010 10:45 |
|
|
|
На фејсбук и твитер акаунтот на "nvidia" беа објавени имињата на новите графички карти, базирани на GF100 Fermi и со поддршка за DX11, картиците се именувани како GTX 480 и GTX 470. Но, за жал ништо друго не е познато околу новите графички карти, како на пример колку CUDA процесори ќе имаат, на која фрекфенција и со колкава меморија ќе бидат, така да тоа уште останува непознато. Она што се знае е дека ќе поддржуваат се' од DirectX 11 до OpenCL, OpenGL 3.x, CUDA, PhysX и ќе имаат 3D Vision Surround технологија. Картичките исто така ќе бидат со dual DVI и HDMI излези, ќе бидат SLI компатибилни и ќе заземаат два PCI слота.
|