HP G62T
Напишано од Тони Наковски    Недела, 07 Февруари 2010 19:22    Печати Е-пошта

HP во својата линија на G60 лаптопи претстави нов модел. Се работи за G62T моделот, стилизиран лаптоп кој носи пристојни спецификации.

 

HP_G62T

Стандардниот модел доаѓа со процесор Core i3 (опционално Core i7 или i5),  со 3 GB DDR3 RAM меморија, 160 GB диск и 15,6 инчен екран . Покрај тоа, екранот чија резолуција е 1366 x 768 пиксели е опремен со LED задно осветлување, како и интел интегрирана графичка. Од приклучоците, тука се три USB, HDMI (во опција) и мемориски читач на картички.

Почетна цена на пазарот во САД е 600 долари. Во цената е вклучен Windows 7 Home Premium.

Клучни зборови: hp , g6 , laptop , G62Tm core i3