Биди дел од Дебагирај
Напишано од Томислав јовановски.    Вторник, 31 Март 2009 19:14    Печати Е-пошта

Биди делот од Дебагирај тимот.
Доколку сакате да објавувате статии, рецензии, новости,..
Статијата ке си биде на ваше име (Како име, алиас, можете да си изберете што ке пишете),

сите статии, рецензии, новости ке бидат објавувани по GNU лиценца со тоа што кој и да ја копира на својата страна сајт ке треба да го стави вашето име/алиас и страната од која ја симнал.

Што е потребно за одредени категории:

Глобално за сите категории не е потребно искуство околу јоомла CMS, објавување на статијата е со WYSIWYG едитор. Текстот треба да е среден да нема некои печатни грешки иако на сите ни се понекогаш дешава да погрешиме ОК е тоа, втор чекор е ставање на мал thumbnail (75x55), и поголем 280х132, кои нема да ви одземат повеќе од 5 мин со средување на сликата.
Оделно по категории:

Новости

Потребно е редовно update-ување барем еднаш дневно по една 2 новости, доколку немате база од сајтови од каде ке можете да црпите податоци ке ви дадам, Доколку дневно објавувате по 2-3 новости ке ви биде потребно во едно 30тина минути (20тина да го средите текстот и слики, 5 мин да ги прикачите сликите на серверот(исто така ке имате пристап до прикачување на слики преку јоомла) и едно 5 мин да ги додадете thumbnail сликите за почетната страна)

Рецензии

Потребно е барем една рецензија неделно, може да се користи литература примери видео од интернет но пожелно е да е пробано од ваша страна (сепак сакаме да објавуваме пробани работи). И поважно е таа рецензија без разлика дали е на хардвер, софтвер или игри да е новитет т.е. да е интересна и занимлива (не да се прави рецензија на игра која веќе е антика.

Лекции

Исто така потребно е барем една лекција неделно, тука вашно е опфатеност на таа тематика пр. доколку почнете да пишувате за одредена тематика поделете си ја на неколку дела така да има и за почетници и за понапредните корисници. Исто така може да се користи готови примерчиња (да се пази на copyright). И тука треба да се пази за  што се пишува, да се пишува за актуелни теми, не за некои застарени технологии.

Доколку сакате да објавувате пратете ми маил на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или пишете ми на профилот на форумот учителот. Во маилот нека стои за што сакате да пишувате, доколку имате искуство или нешто претходно пишувано добро е и тоа да го наведете, и контакт(MSN, Yahoo Messanger, gtalk, skype, AIM или што и користите) за да ве контактирам.