| Firefox за мобилни во употреба | |||
|
|
Mozilla конечно ja објави целосната верзиja на мобилниот интернет прелистувачот Firefox, сега познат под развојниот назив Fennec. Прелистувачот во моментов е достапен само за Nokia платформата Maemo5 и N900 уредите и нуди функционалности како и на повеќето верзии за десктоп и лаптоп компјутери.
Има "паметен" адресбар (Awesome Bar) со автоматско пребарување, способноста да се синхронизираат bookmarks, лозинки и другите податоци, сурфање во табови. Прелистувачот нуди високо ниво на безбедност, и поддржува HTML5, CSS и JavaScript. Она што го прави мобилниот Firefox да се издвојува од другите мобилни прелистувачи е подршката за додатоци, што им овозможува на корисниците и понатаму да ја модифицираат како што се навикнати да го користат во "нормална" верзија на Firefox. Mozilla вели дека сега се достапни повеќе од 40 додатоци за оваа верзија (многу се сеуште во развој), меѓу кои се популарните AdBlock Plus, TwitterBar и слично. |























