Facebook со нов изглед (повторно)
Напишано од Оливер Јосимовски    Петок, 05 Февруари 2010 13:26    Печати Е-пошта

Најголемата социјална мрежа Facebook од денеска почнува да го имплементира новиот изглед кај сите 350 милиони корисници, откако во текот на јануари го тестираа кај одредена група корисници. Промените носат нов дизајн кај крајниот корисник, преурадување на оригиналниот дизајн и додавање нови карактеристики кај главните известувања.

Едно подобрување на дизајнот е новото позиционирање на новите барања, пораки и известувања од пријателите. Позиционирани се десно од логото и меѓу новото место на полето за пребарување. Фејсбук исто така ги премести и јазичињата "Почетна, Профил и Прилагодување" во горниот десен дел додавајќи и опаѓачко мени за брз и лесен пристап до корисничките подесувања.
SLIKA-1A
Исто така додадени се и мали корекции на "Новости, Пораки, Настани, Фотографии, Пријатели итн." на левата странична лента. Вашите апликации, игри, огласи, групи итн се веднаш под таскбарот од левата страна на лентата, а под нив е додадена и кратка листа на вашите онлајн пријатели за брз пристап до разговор.
SLIKA-2
Потсетниците за родендени и настани остануваат на десната странична лента, заедно со барањата и предлозите за нови пријатели. Pop-up известувањата сега се појавуваат од левата страна на Facebook наместо од десната. Една од најголемите промени е целосното отстранување на таскбарот, пришто сега остана само делот "Разговор".

и како изгледа целосната страна (кликни на слика за поголем преглед)
Facebook :: Со новите измени повторно

очекувајте деновиве да бидете преплавени со покани во групи од типот, СИ ГО САКАМЕ СТАРИОТ ФЕЈСБУК.