| IE 8 е најупотребуван прелистувач | |||
|
|
Да да добро прочитавте, според истражувања на Guardian.co.uk графикот за јануари 2010 покажува дека IE 8 е највеќе распостранет интернет прелистувач во светот, додека претходно IE6 го држеше тоа место, додека долго време од microsoft и некои други компании (како гугл) се обидуваа на еден начин да ги натераат корисниците да се откажат од IE6 и да го надоградат на најновата верзија изгледа со доаѓањето на windows7 сепак успеаја, пред се поради фактот дека поголем дел од корисниците не го преземаат тој чекот да инсталирааат други алтернативи или пак да го надоградат едноставно се научени да го користат тоа што им е ставено, додека малку понапредните корисници ИЕ го користат само при чиста инсталација на компјутерот да си симнат mozilla, opera, safari или пак новиот прелистувач од google chrome. Во Јануари 2010год. IE8 има добиено 22,31% од колачот на интернет прелистувачите во светот. NetApps исто така ни покажува статистика дека на Windows XP му се намалува уделот на пазарот. Во листата на најдоминантни оперативни системи во март 2009 имаше 75,02% и дојде до 66,31% во јануари 2010, со користење на windows 7 корисниците ке го користат IE8 како дефаулт прелистувач кој ке доаѓа со повеќето копии, но не и на европскиот пазар каде поради монопол на microsoft им забранија да го ставаат ИЕ во инсталација на windows7. Но ние тука немора да се грижиме, поголем дел од пиратските верзии се од американски пазар и имаат како дефаулт прелистувач IE8, па така ке имаме со што да си го симнеме прелистувачот кој го користиме :)
Клучни зборови: прелистувачи , интернет , експлорер , мозила , опера , сафари , хром , IE , mozilla , opera , safari |























